Македонската ракометна федерација пријатно ги изненади репрезентативците откако им обезбеди патување со бродот „Кристина“ по Охридското езеро и посетување на едно од најубавите места Свети Наум.
На репрезентативците кои се во Охрид на подготовки им се придружи и капитенот на Металург, Наумче Мојсовски, кој ја залечува тешката повреда на коленото.
– Кој не пробал, тој не знае како е да се патува со брод по Охридското езеро. Ова ќе им дојде многу добро на репрезентативците кои изманатиот период имаа доста тешки ангажмани во клубовите – рече генералниот секретар на РФМ, Филип Милошески.
Расположението и пријататната атмосфера беше видлива на лицата од репрезентавците кои в петок ги завршуваат подготовките во Охрид.
Мх.П.