Еден американски брачен пар поминал 15 000 км од Индија до САД, само за да гласаат на претседателските избори.
Сузан Скот и нејзиниот сопруг од минатото лето работат во Индија и поднеле барање за гласање во странство, но кога гласачките ливчиња не им стигнале една недела пред изборот, направиле алтернативен план.
Купиле авионски карти и преку Њу Делхи и Чикаго стигнале во Њујорк, каде се запишани во пописот на гласачи.
Сузан рекла дека смета дека е многу важно да се излезе на избори, бидејќи секој глас е од големо значење.