Руската полиција привела и испитала жена кој во воз внела младенче од лав, тврдејќи дека е голема мачка. Лавчето, тешко околу 50 килограми, пронајдено е во едно купе во возот кој се обраќал на линијата помеѓу Москва и Јекатеринбург, оддалечен 1420 километри од руската престолнина. Полицијата навела дека животното во еден момент почнало да се однесува агресивно.
Во соопштението се наведува дека сопственичката повеќе не можела да го контролира па го заклучила во купето и побарала помош од екипажот во возот. Патничката, лавчето старо девет месеци, го пријавила како домашна мачка. Лавот бил во кафез кога го внела во возот, но подоцна од некоја причина го пуштила да излезе од него, прецизирала полицијата, најавувајќи дека ќе го испита и екипажот на возот кој не спровел неопходни проверки и дозволил во возот да влезе животно кое претставува опасност за патниците.