Британецот Едвин Шаклтон (82) од Бристол се возел со сто различни превозни средства во една година. Пензионираниот воздухопловен инженер ја почнал својата авантура за Нова година во автомобил. Потоа се возел во противпожарни возила, камиони за ѓубре, полициски автомобил, ултралесно летало, балон и многу други.
Својата цел ја остварил за седум месеци. Вдовецот одлучил да продолжи и да се обиде да пронајде 240 превозни средства во кои ќе се вози. Се надева дека ќе се запише во Гинисовата книга на рекорди.