На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Оние возачи кои планираат да тргнат на подолг пат, тоа да го сторат по можност во раните утрински или доцните попладневни часови, за да ги избегнат високите температури во текот на денот, препорачуваат од АМСМ.