Театарската претстава за деца и млади „Јованче и Марика“ на Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ од Вевчани доби Специјално признание за најуспешна претстава во рамки на 51-то издание на  Фестивалот „ДАФ“ во Кочани.

Според образложението на фестивалската жири комисија, наградата е доделена заради прецизно осмислена инсценација на познатата бајка за деца од Браќата Грим.

Во претставата која е во режија на Душко Кукоски играат: Славе Бебекоски, Давор Бетоски, Ева Костојчиноска, Зорица Мурџеска, Наташа Ташкова и Стефан Попаѓиноски. Автор на музиката е Перо Пешиноски, а техничката екипа која работи на претставата ја сочинуваат: Кирил Бебекоски, Ристе Костојчиноски, Томче Шутиноски.

Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ работи во рамките на Здружението – КУД „Дримкол“ од Вевчани.  

OhridNews