Тројца авантуристи од Лондон, Пол Арчер, Леј Пурнел и Џоно Елисон се обидуваат да го соборат светскиот рекорд во возење со такси, и од таа причина се возат веќе половина година. Тие планираат да минат преку четири континенти и 39 држави, што изнесува повеќе од 50 илјади километри.
Со поддршка од лондонскиот градоначалник Борис Џонсон авантурата станала светски настан, а рекордот им на дофат на рацете. Освен што добро се забавуваат на патувањето, имале и проблеми со снегот во Финска, блиска средба со талибанците во Авганистан, апсење во Иран од страна на тајната полиција и уште неколку други авантури. Целта на дните рекордери е Сиднеј, каде би требало да се појават за околу еден месец.