Една американка со часови била заробена во апарат за скенирање, откако техничарот ја заборавил и си отишол дома. Откако конечно успеала да се извлече  некако од апаратот, сфатила дека е заклучена сама во болницата.                                  

По доаѓањето во болницата, техничарот ја сместил Елвира Телез  во скенер апаратот околу четири часот попладне, го пригушил светлото за да се опушти и и рекол да не се помрднува во текот на 25-минутната процедура. 

Кога сфатила дека поминало многу повеќе време, жената почнала да вика, а потоа и да вриска, после што неколку часови се обидувала да се извлече од скенер апаратот, во што на крајот успеала.

Кога дошла полицијата веќе биле поминати пет часа од моментот кога влегла во скенерот.

J.M.