Доколку не го информираат пациентот за сите фази на лекувањето, лекарите ќе плаќаат глоба во висина од 200 до 700 евра. Ова е предвидено со новиот Закон за заштита на правата на пациентите кој започна да се применува денеска.
Според овој закон, болниците ќе плаќаат и до 2 илјади евра доколку не им соопштат на пациентите кој доктор ги лекува и колку е стручен за третманот.
Лекарите се должни на болниот да му обезбедат и второ експертско мислење. На пациентите им се дава можност да тужат доколку бидат навредени или омаловажени во здравствените установи.
Ohridnews