Свеченостите по повод патрониот прзник на Охрид, 8 Декември-Св.Климент Охридски, годинава за прв пат ќе се се одржат во четири дена.

Прославата ќе започне во петок 5-ти декември со  свечена програма по повод патрониот празник и 100 годишнината на ОСУ”Св.Климент Охридски”, што ќе се одржи во 19. ч. во НУ Центар за култура “Григор Прличев”.

Наредниот ден, исто така во центарот за култура (19ч) ќе се одржи свечена академија по повод патрониот празник и 110 годишнината на ОУ”Св.Климент Охридски”. Еден час подоцна на истото место ќе биде отворена изложба на ликовни творби на поранешните и сегашните ученици од ОУ ” Св. Климент Охридски”

Свеченостите нардениот ден продожуваат со промоција на стихозбирката “Лов на Лебедовото Езеро” од Тоде Илиевски, што ќе се одржи во Прличева одаја во НУ Библиотека “Григор Прличев” во 18.30ч. Во 19.30ч. во галеријата на центарот за култура ќе биде отворена изложба на роднокрајни ликовни уметници од Охрид. Свечената академија во чест на св.Климент Охридски- заштитникот на Охрид, на која ќе бидат доделени највисоките општински признанија-наградата и повелбите Св. Климент Охридски, ќе се одржи во 20ч. во НУ Центар за култура “Григор Прличев”

Во понеделник 8.12. свеченостите продолжуваат со полагање свежо цвеќе на споменикот на св.Климент Охридски на градскиот плоштад во 11 ч.  Чествувањата ќе бидат заокружени со свечено пуштање во употреба на Музејот на вода во Градиште во 13 ч.

Ohridnews