По двегодишна битка со ракот на панкреас во 57-та година од животот почина познатиот холивудски актер Патрик Свејзи, пренесуваат американските медиуми.

Патрик Свејзи кој стана планетарно познат по филмот „Валкан танц“ (“Dirty Dancing”), глумеше и во култната серија “Север – југ“,  како и во мегахитовите “Дух“, „Друмска кафеана“ и други…

Актерот од Тексас починал во својот дом  во присуство на семејството.

И покрај битката со тешката болест, Патрик Свејзи напишал мемоари заедносо сопругата Лиса и ја снимил драмската серија “Ѕвер“.

Ohridnews