Актерот Патрик Демпси, кој во серијата „Вовед во анатомија“ ја толкува улогата на шармантниот лекар Дерек Шепард, ја напушти серијата после 11 сезони. Ликот на Демпси во епизодата емитувана во четвртокот погинал во сообраќајна несреќа, а за фановите смртта на доктор Шепард е шокантен пресврт. Демпси вели дека не ја напушил серијата поради кавга со продицентите или поради пари. Тој сега ќе се посвети на авто трките со кои се занимава и ќе може да се посвети на претстојните натпреварувања.

 

Се појавил во неколку филмови, како „Sweet Home Alabama“, „Made of Honor“, „Valentine’s Day“, „Enchanted“, „With Honors“ и други, но најпознат е токму по улогата на доктор Шепард. Списанието „Пипл“ дури два пати го сврсти на второто место на најсексипилни мажи во 2005 и 2006 година. Бил лице на брендовите Лореал и Версаче, и ги лансирал парфемите “Unscripted” за Авон и “Patrick Dempsey 2”.