Четирите победи и двата порази се покажаа доволен биланс за македонската кошаркарска репрезентација по десет годишен пост да се најде на завршницата на ЕП во Полска.

Нашата селекција со пораз во пенал рулетот го започна квалификацискиот циклусот натпревари. Поуспешна од нашата беше селекцијата на Летонија која во додатните пет минути не совлада со 83-82 

ЛЕТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА 83:82 (15:12; 16:18; 23:24; 22:20; 9:8)

МАКЕДОНИЈА: В. Стефанов 25, Илиевски 13, Мираковски 3, Р. Стефанов, Соколов, Стојановски, Тасовски, Гечевски 21, Антиќ 2, Гоцевски, Мејси 14, Самарџиски 4. Селектор: Јовица Арсиќ.

Пред полните трибини во “Борис Трајковски“ Арената Македонија ја декласираше Португалија со 85:48 во мечот од 2. коло во квалификациската “Б“ Група за ЕП во Полска идната година. Одлично будење за нашите момци по несреќниот пораз во Рига.

МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 85:48 (22:4; 22:20; 27:14; 14:10)

МАКЕДОНИЈА: В. Стефанов 23, Илиевски 7, Мираковски, Р. Стефанов 13, Стојановски, Блажевски 10, Тасовски, Гечевски 7, Антиќ 10, Гоцевски, Мејси 9, Самарџиски 6. Селектор: Јовица Арсиќ.


Во третото коло следуваше се чини одлучувачкото гостување и клучната  победа во овие квалификации.  Македонската репрезентација славеше со 90:78 на гости на Естонија и си ги подотвори вратите за ЕП во Полска.

ЕСТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА 78:90 (22:22; 15:24; 20:22; 21:22)

МАКЕДОНИЈА: В. Стефанов 13, Илиевски 6, Мираковски, Р. Стефанов 3, Стојановски, Блажевски 8, Тасовски 3, Гечевски 18, Антиќ 13, Гоцевски, Мејси 20, Самарџиски 6. Селектор: Јовица Арсиќ.

Откако стигнавме до неопходната гостинска победа потребен беше триумф над диреткниот конкурент за пат во Полска, должникот Летонија. Едвај на мускули “црвено-жолтите“ стигнаа до посакуваната победа со 80:78.

МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА (80:78 28:17; 16:25; 20:19; 16:17 )

МАКЕДОНИЈА: В. Стефанов 16, Илиевски 12, Мираковски 2, Р. Стефанов 14, Стојановски, Блажевски, Тасовски, Гечевски 13, Антиќ 14, Гоцевски, Мејси 8, Самарџиски 1. Селектор: Јовица Арсиќ.


Мечот со Португалија од петтото коло само не потсети на нашиот менталитет. Селекцијата која ја демолиравме во СКопје, смогна сили и не порази само колку да ни го расипе расположението.

ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 81:71 (22:10; 22:28; 14:16; 23:17)

МАКЕДОНИЈА: В. Стефанов 2, Илиевски 16, Мираковски 2, Р. Стефанов 6, Стојановски, Блажевски 8, Тасовски, Гечевски 2, Антиќ 15, Гоцевски, Мејси 20, Самарџиски. Селектор: Јовица Арсиќ.

Потврдата за сработеното во овој циклус но и серијата на резултати во наша корист беше последниот меч против Естонија. Македонската кошаркарска репрезентација обезбеди место на завршницата на ЕП во Полска 2009 година. Славјето може да започне.

МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА 87:75 (32:14; 19:13; 17:27; 19:21)

МАКЕДОНИЈА: В. Стефанов 11, Илиевски 9, Мираковски 5, Р. Стефанов 10, Стојановски, Блажевски 3, Тасовски 1, Гечевски 18, Антиќ 16, Гоцевски, Мејси 10, Самарџиски 4. Селектор: Јовица Арсиќ.

Пласман на ЕП обезбедија следните репрезентациии:
МАКЕДОНИЈА, Србија, Турција, Велика Британија, Бугарија, Летонија и
Израел.

Покрај нив, претходно, обезбедија место: Полска (домаќин на шампионатот), Русија, Шпанија, Литванија, Грција, Германија, Хрватска и Словенија.

Во дополнителните квалификации за пласман на последното место на ЕП, идната година, ќе разигруваат следните репрезентации: Италија, Франција, БИХ, Португалија, Финска и Белгија.

Двете репрезентации ќе бидат поделени во 2 групи со по 3 репрезентации. Победниците од двете групи во директен дуел ќе го определат последниот патник за ЕП.

М.Постоловски