Патниот правец Маврово- Дебар, на кој пред два дена се случи голем  одрон се уште е непрооден. На терен екипите на Македонија пат интензивно работата на расчистување на стотината илјади метри кубни снег, земја и дрвја, но според одговорните сообраќајот нема да биде нормализиран најмалку една недела.

Во меѓувреме за и од Дебар се оди само преку Кичево или Струга. Екипите на ЕВН ги отстраниле дефектите што без електрична енергија остави повеќе села во дебарско.


На истиот ден и на истото место кога се случи големиот одрон, во 1956 година од лавина загинаа 52 мештани и работници кои работеле на изградба на браната во Маврово.

Ohridnews
фото: „Макфакс“