Патниот правец П-504, Трпејца-Галичица-Отешево, кој беше затворен во двете насоки поради зимските услови, повторно е пуштен во сообраќај, соопшти работната единица на Македонија пат-Охрид.

Овој патен правец во зима редовно се затвора за сообраќај и не се  одржува бидејќи  Македонија пат не го  смета за приоритетен.

Локалната самоуправа која инсистираше државата да го одржува патот кон Галичица, пред почетокот на зимата најавуваше дека општината со сопствени средства и механизација ќе го чисти патниот правец 504, но и оваа зима тој целосно не беше прооден.