На 15 ноември стартува зимската сезона. Оттогаш задолжително е носење на зимска опрема во возилата, а на патишатта важи посебен режим. Со години, патниот правец кон Галичица во зимскиот период е затворен. И годинава надлежните општински и државни институции си ја префрлаат одговорноста за проблемот.
Патниот правец кон националниот парк Галичица во должина од само десет километри и оваа зима ќе остане недостапен за граѓаните и туристите. Фондот за патишта овој патен правец повторно го нема ставено во годишната програма, а од Македонија пат Охрид велат дека во моментот најдобро решение е патот да остане затворен, затоа што станува збор за предел кој е тежок за одржување.
Локалната самоуправа со спротивен став. Големото значење на Галичица и можностите кои планината ги нуди за развој на ски туризам налагаат дека патот кон оваа планина треба редовно да се чисти и да биде отворен цела година, велат од локалната самоуправа.
Поради неодржувањето на патот за Галичица минатата зима се случија повеќе несреќни случаи. Во еден таков туристи од Албанија заглавија на Галичица поради големи наноси од снег.
Мики Трајковски
,