Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва против Литванија ќе го започне квалификациоцкиот циклус за пласман на Европското првенство што в година ќе се одржи во Данска и во Норвешка.


Натпреварот кој се игра вечерва од 20,30 ч. во СРЦ „Кале“  е првиот во седмата квалификациска група, во која покрај Македонија играат Хрватска и Холандија. Во второто коло Македонија в недела гостува во Ротердам.

Двете првопласирани селекции ќе обезбедат пласман на континеталниот собир.

По освоеното седмо место на ЕП во Македонија, црвено-жолтите беа елиминирани во баражот за СП во Кина од Австрија со што беше прекинат континуитетот од четири настапи во серија на големите натпреварувања.

М.П.