Напаѓачите на Милан беа на висина на задачата особено бразилецот Пато кој беше нерешлива енигма за одбраната на Наполи. Седмицата на “росонерите“ учествуваше во двата погодоци а третиот беше негово ремек дело.
– Секоја победа е убава, но не размислуваме за прваци. Мислите ни се насочени кон Торино каде играме со Јувентус. Да играш во ваков состав како што го имаме сега е прекрасно. Уживам, тие се вистински шампиони и ги чуствувам како браќа. Во второто полувреме одигравме како што треба, но тоа е склоп на одличната сезона што ја играме – смета херојот на “росонерите“ Александре Пато.
Видео : Милан го“здроби“ Наполи