Еден од патниците рекол дека се сеќава на една реклама во која човек чита книга патувајќи со воз. Токму таа реклама му поминала низ главата откако слушнал околу 50 известувања на 80-минутното патување со воз од Хавант до Лондон. Тој патувал со воз на компанијата „South West Trains“.
Спомнатиот не е единствениот кој се пожалил на автоматските известувања во возовите. Патниците кои се возеле на релација Портсмут – Петерсфилд со истата компанија, се пожалиле на дури 31 известување за 32 минути патување. Компанијата признала дека многу патници се жалеле на овој проблем, но потенцирале дека тоа е во склкад со стандардите на Европската Унија.