Патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица, од месноста Корита до Отешево е расчистен и од денеска е отворен за сообраќај на сите видови возила.

Од охридската секција на ЈП „Македонијапат“ велат дека нивните екипи во текот на изминатите два дена интензивно работеле на расчистување на наносите од снег.

-Бидејќи изминатава зима беше многу снежна, на патниот правец имаше големи наноси на снег, но со помош на соодветна механизација од наша страна и од страната на Отешево, патот е пробиен и на него може да се одвива сообраќај. Препорачуваме до возачите внимателно управување со возилата поради можни остатоци од снег на коловозот и можна појава на одрони, вели Крсте Ташкоски, одговорен за секцијата на ЈП „Македонијапат“ во Охрид.

Инаку патниот правец  Охрид-Ресен преку Галичица беше сезонски затворен за сообрќај на 17-ти ноември 2014 година и во текот на зимата беше одржуван само на потегот од Трпејца до Корита.

OhridNews