Од денес патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила, информираат од Авто мото Сојузот на Република Македонија (АМСМ).

На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година, додаваат од АМСМ.

OhridNews