Патник безбедно спуштил мал двомоторен авион во Флорида, откако пилотот умрел во текот на летот на кој имало уште 6 патници.

Воздухопловните власти на СAД соопштија дека пилотот умрел непосредно по  полетувањето, кога контролата врз леталото веќе ја имал преземено автопилотот.

Патникот кој имал дозвола за управување со едномоторен авион го презел управувањето со авионот и со помош контролата на летање која му испраќала инструкции, безбедно го спуштил леталото на интернационалниот аеродром во Форт Мијерс на Флорида.

Ohridnews