Патнички авион на компанијата „Американ Ерлајнс“ во придружба на два ловици на американското Воено воздухопловство слета на аеродромот во Хонолулу, откако еден од патниците во леталото се обидел да упадне во пилотската кабина. Како што соопшти Пацифичката команда на Вооружените сили на САД, авионот со 181 патник и шест членови на екипажот летал на релација од Лос Анџелес до Хонолулу.

Инцидентот се случил кога еден од патниците се обидел да влезе во полотската кабина, по што пилотите ја известиле контролата на летање и биле активирани двата ловци, кои го придружувале леталото до безбедното слетување на аеродромот во Хонолулу.

Патникот е 25-годишниот турски државјанин Анил Усканил, кој ги прекршил безбедносните правила уште на аеродромот во Лос Анџелес и бил парично казнет, по што му било дозволоено да се качи во авионот кон Хаваите.

Како што јавија американските медиуми, Усканил бил казнет затоа што отворил врата што водела кон забранетата зона на аеродромот во Лос Анџелес. При претресот, кај него бил пронајден алкохол, но според властите, тој не бил во алкохолизирана состојба.

По инцидентот тој бил парично казнет, но добил и пријава во врска со која ќе мора да се јави пред суд, по што му било дозволено да отпатува кон Хонолулу. Тој меѓутоа почнала да прави проблеми во авионот веднаш по полетувањето, по што на крајот се упатил и кон пилотската кабина, но бил совладан и врзан.

OhridNews