Од мал авион кој во четвртокот летал над брегот на Флорида испаднал патник и потрагата по него трае, пишува Миами Хералд, пренесува „Макфакс“. 

Пилотот на авионот се јавил во контролата на летањето со порака дека е во неволја и оти му е отворена вратата од авионот од којашто испаднал патник.

Како што рекол, патникот ја отворил задната врата од авионот и потоа паднал во океанот во раните утрински часови од височина од околу 600 метри. Од тогаш трае потрагата по него во водите источно од заливот Ки Бискејн.

Експертите за воздухопловен сообраќај за весникот рекле дека станува збор за „екстремно необични“ околности и дека релативно е сигурно дека некој што испаднал од авион без падобран нема да преживее.

Локалните медиуми не објавија никакви информации за испаднатиот патник, кој бил и единствениот патник во авионот, а кого полицијата го идентификувала како 42-годишниот жител Џерардо Најлс.

OhridNews
извор:„Макфакс“