Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2020 година, во патниот патнички превоз со автобуси се превезени вкупно 7 136 илјади патници и во однос на истиот период од претходната година нивниот број е намален за 64.8 %.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници со автобуси во градскиот превоз е намален за 68.6 %, во приградскиот превоз за 56.7 %, во меѓуградскиот превоз за 74.8 %, а во меѓународниот превоз за 99.7 %.
Во второто тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, патничките километри во автобускиот патнички превоз се намалени вкупно за 88.2 %. Според видот на превозот, патничките километри во градскиот превоз бележат намалување од 88.8 %, во приградскиот превоз 83.9 %, во меѓуградскиот превоз 80.6 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 99.7 %.
OhridNews