Патнички авиони кои ќе летаат со пет пати поголема брзина од звукот и кои ќе ги спуштаат патниците директно пред вратите на куќите, би можеле да се вклучат во сообраќајот на крајот на овој век, се вели во најновиот извештај на британскиот институт на машински инженери. Во извештајот како можен датум за оваа иновација се наведува 2075 година и се истакнува дека авионот на иднината би се засновал на комбинција од дизајнот на постоечкиот суперсоничен авион со млазен мотор, кој развива брзина од околу 6400 километри на час, и комерцијалните авиони во форма на буквата „V“, кои се така конструирани, што воздушните струења кои авионот ги ствара на предниот дел се искористуваат како погонска сила.


Најбрз авион со ваков тип млазен мотор има НАСА и тој достигнива брзина од 9,8 маха. Во извештајот исто така се разгледува и дизајн за носач на авиони, кој на големите авиони би им овозможувал да имаат поединечни мали летала, кои би се одвојувале од носачот над саканата дестинација и би ги спуштале патниците онаму каде што тие сакаат.