Кинескиот фармер Фу Хаивен останал збунет кога купил патка која има нозе како од кокошка и многу се плаши од вода. Оттогаш неговата куќа во селото Хуангиен (Кина) ја посетуваат љубопитници кои сакаат да ја видат необичната патка.
Фу вели дека необичните нозе од патката ги видел по 10 дена откако ја купил. Тој забележал дека се однесува поинаку отколку другите патки, а кога повнимателно ја погледал, сфатил дека нема пливачка кожа и никогаш не оди со другите патки да плива во реката.