Додека во последниве денови во целиот свет владее еуфорија по повод последното продолжение од филмот “Twilight Saga”, а протагонистите Кристен Стјуарт и Роберт Патисон насмеани им позираат на фоторепортерите на црвениот тепих, извори блиски на парот тврдат дека меѓу нив никогаш нема да биде исто. Извор близок на актерот рекол дека пријателите го убедуваат да ја остави и заборави, бидејќи таа не била вистинската девојка за него. Истиот извор рекол дека Роберт се обидувал да не мисли на нејзината афера, но тоа не му поаѓало од рака.
Многу ја сакал, но никако не можел да го преболи и заборави неговото неверство. Изворот истакнал дека Роберт моментално се чувствувал како најголем идиот што воопшто се обидел да и прости, и сега целиот свет му се смеел.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com