Ѕвездите на позната вампирска приказна Роберт Патисон и Кристен Стјуарт наводно повторно раскинале.  Добро упатен извор рекол дека таа одлетела во Лос анџелес бидејќи требало да биде со Патисон на доделувањето на Златните глобуси, но тој и рекол дека сака да се одмори од се. Тој ја сакал, но сакал да бидат само добри пријатели додека не ја изградат повторно потербната доверба.

Парот прв пат раскинале кога Стјуарт признала дека го изневерила Патисон со режисерот Руперт Сандерс минатата година. Тие се смириле во септември, но медиумите пренесуваат дека многу се карале и дека Патисон зборувал како не се чувствува среќен во врската.