Слична е состојбата и во општините Осломеј и Вранештица. Висината на снежната покривка во општина Другово се движи од 20 до 40 см и до повисоките населени места може да се пристигне исклучиво со теренско возило, соопшти Центарот за управување со кризи.
Патните правци кон повисоките населени места во струшко се проодни во зимски услови.
Сообраќајот на планинските превои Плетвар и Ѓавато се одвива отежнато и забрана за сообраќај има за тешки товарни возила. Висината на снежната покривка на повисоките места во Македонски Брод е од 20 до 30 см, а проодноста на патните правци е можно само со теренски возила.