Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата утринава се одвива без забрани, по влажни коловози поради врнежи од слаб снег кој наместа се задржува на коловоз, соопшти АМСМ.

Појава на утринска магла има на Стража со видливост до 40 метра. На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Внимателно низ клисурите и засеците на можната појава на поситни одрони, особено на патниот правец Маврово – Дебар каде појавата на одрони и лизгање на земјиште е почеста. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.

Потсетување на возачите за задолжително поседување на зимска опрема во возилата се до 15 Март.

Ohridnews