Јапонците и натаму се обидуваат на сите можни начини да ги намалат сообраќајните гужви кои веќе неколку десетлетија им задаваат главоболки на сите кои возат автомобили.
Сообраќајници со неколку траки, мостови, вијадукти, сето тоа Јапонците го имаат доведено до совршенство, но сега е направен и чекор повеќе. За да се реши сообраќајниот колапс во Токио, направен е мал тунел кој проаѓа низ “средиштето“ на еден од бројните токиски солитери.
Уште едно фасцинантно решение кое сигурно ќе ги воодушеви сите оние кои брзаат на работа, а многу веројатно е дека нивното воодушевување нема да го делат оние кои живеат или работат во солитерот низ кој поминува патот.