Системот за навигација одамна стана дел од опремата во луксузните автомобили, а од сега ќе можат да го користат и пешаците бидејќи пуштени се во продажба по цена од 120 долари патики кои ве наведуваат на вистинскиот пат.


Во секоја патика под јазикот се наоѓа мал монитор на кој ја впишувате саканата дестинација, а после тоа на десната или левата патика се вклучуваат светла во зависност од страната кон која треба да свртите и да се движите. Исто така во задниот дел има звучник кој можете да го вклучите ако сакате и звучна навигација. Батериите во патиките можат да издржат до два и пол часа без полнење, а производителите очекуваат огромна побарувачка.