Производителот на спортска опрема „Најк“ на својата интернет страница понудил патики Најк Маг какви што носел Марти МекФлај во филмот „Враќање во иднината“. „Најк“ направил 1500 пара футуристички патики, а ќе ги продава во следните десет дена, односно секој ден по 150 пара. Парите кои ќе ги заработат од продажбата ќе ги донираат во фондацијата која се занимава со истражување на Паркинсоновата болест.


Акцијата доживеала вистински успех, бидејќи уште првиот ден патиките се продаваат за повеќе од 4000 долари. Високите патики се реплика на оние од филмот кои Марти ги носел во 2015 година. Единствената разлика е тоа што сегашните патики не можат сами да се врзат. За „Најк“ ги дизајнирал Тинкер Хатфилд, кој работел и на дизајнот за филмот од 1989 година.