Презентација на иновација на нов вид заштитна маска за повеќекратна употреба за заштита од вирусот Ковид-19 ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центарот, во организација на Национална асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (НАИМ), со поддршка од Министерството за здравство.
Пронаоѓач од НАИМ патентирал целосно нов вид заштитна маска за повеќекратна употреба од која се очекува решавање на проблемот на „одбојност кон употреба на заштина маска“ што е и една од главните причини за несузбивање на пандемијата Ковид 19, наведуваат од НАИМ.
Оттаму посочуваат дека при употреба на овој нов вид на заштитна маска, воздухот се вдишува низ платното на заштитната маска, и тоа низ нос, а се издишува низ посебни канали вон внатрешноста на заштитната маска.
На овој начин корисникот на заштината маска, вдишува секогаш свеж воздух, што не е случај при користењето на постоечките маски, посочуваат од НАИМ.
Авторот на овој проект, додаваат, смета дека со производството на овој вид на заштитна маска и нејзината широка употреба во светот, во значителна мера ќе се подобри ситуацијата со Ковид-19.
OhridNews