Детската претстава „Пат околу светот“, денеска (недела), ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прличев“, со што по едногодишна пауза Народниот театар од Охрид се враќа на сцената.
Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Павел Маслов, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ и Сашо Ристовски, а режијата е на Драгана Танеска.
Претствата започнува во 12 часот.
Во октомври по повод месецот на детето, Охридскиот театар во соработка со училиштата ќе ја изведе претставата „Пат околу светот“ на својата матична сцена, а во втората половина од месецот премиерно ќе биде изведена комедија „Детектор за лаги“ во режија на Ненад Витанов.
Народниот театар Охрид покрај збогатување на редовниот репертоар најави и копродукциски проекти и гостувања на театри од Македонија.
OhridNews