Првичните резултати од вештачкиот мрест на охридската пастрмка  што започна во неделата не се охрабрувачки велат надлежните. Во охридско на два пункта првиот ден беа собрани околу 90.000 зрна икра, додека во струшко биле уловени само девет единки пастрмка.

Вештачкиот мрест трета година по ред го изведува Хидробиолокиот институт од Охрид, кој за таа намена ангажираше 11 професионални рибари. Бидејќи Охридското Езеро сеуште нема концесионер за заштитата на пастрмката за време на мрестот ќе се грижи приватна агенција за обезбедување. Со цел да се зачуваат што поголем број матици уловената риба по мрестот ќе се обележува и ќе се враќа на местата каде била изловена.


пастрмката се помалку ја има во езерото

За спороведување на вештачкиот мрест Министартвото за животна средина со ребаланс на буџетот обезбеди 1,5 милиони денари. Ресорнииот министер,  Имер Алиу во придружба на државниот секретар во министерството за животна средина, Дејан Паноски, вчера одблиску се запозна со процесот на вештачки мрест. Алиу смета дека состојбата со рибниот фонд на пастрмка е алармантна и дека крајно време е да се преземат конкретни мерки за нејзина заштита.


држ. секретар, дир. на Хидробиолошки и министерот

Министерството за животна средина и просторно планирање најави дека ќе бара поголеми мерки на заштита и ќе  инсистира во договорот со идниот концесионер точно да се наведе периодот на забрана на  комерцијалниот излов на пастрмката, како една од мерките за обновување на рибниот фонд на овој загрозен  ендемски вид риба.


мрестот се врши со помош на специјално опремениот брод

Риболовот за потребите на вештачкиот мрест денеска продолши во охридско. Во изминатите два дена пастрмнката се ловече на пунктовите кај Трпејца и Пештани ка де биле собрани седум инкубатори со по околу 15.000 зрна икра. За да се обезбеди минимум репродукција на пастрмката на двете страни од езерото треба да се соберат 3,5 милиони зрна икра.