Пастрмката од Албанија што на  големо се продава на нелегалниот пазар во Охрид, не е од Охридското Езеро тврди министерот за животна средина на Албанија Луфтер  Џувели.

„Таа пастрмка  што се продава не е од водите на Охридското Езеро туку од мрестилишта“, изјави Џувели. Ваквите тврдења на албанскиот министер се спротивни на јавно изнесените сознанија на експертите од Хидробиолошкиот институт кои алармираат дека во албанскиот дел на Охридското Езеро непречено се ловат примероци ендемска пастрмка стари само 2-3 години, со што директно се уништува подмладокот на пастрмката, на која и требаат 7 години за да почне да се репродуцира

Албанскиот министер за животна средина при вчерашната посета на Охрид ја уверуваше македонската јавност дека Албанија презема сериозни мерки за да го намали загадувањето на Охридското Езеро. Џувели информираше дека владата во Тирана вложила 20 милиони евра за зафаќање на отпадните води од Поградец и околните населени места, кои според најавите од мај месец повеќе нема да се влеваат во езерото.

Ohridnews