Охридската пастрмка која поради неконтролираниот излов и слабата физичка заштита на Охридското Езеро во последните 17 години е на раб на исчезнување и натаму незаконски се изловува. Ова е ставот на 247 граѓани кои на анкетното прашање на нашиот интернет портал: „Дали охридската пастрмка е соодветно заштитена?“, одговориле негативно. Други 253 граѓани или 39 % сметаат дека рибокрадците треба да се казнуват поостро и неселективно, додека 191 испитаник, или 21% одговориле дека е потребна поефикасна физичка заштита на Охридското Езеро. Само 10-мина испитаници или 2% од анкетираните сметаат дека охридската пастрмка е соодветно заштитена.
За заштита на овој ендемски вид риба државата годинава ќе одвои рекордни 10 милиони денари, со најава дека таа сума догодина двојно ќе се зголеми. Моментално Охридското Езеро го обезбедува Рибочувсрска служба која е формирана неодамна, како и Езерската полиција. Експертите од Хидробиолошкиот институт сметат дека тоа не е доволно. Според нив потребно е да се применат пософистицирани мерки на физичка заштита, како видео мониторинг и радарска контрола, со што според нив во многу ќе се зголеми заштитата на рибниот фонд на Охридското Езеро.
ohridnews