Попладнево во Кривичниот суд во Скопје беа изречени пресудите за случајот Фаланга 2. На поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман му е одредена казна затвор од три години, прво обвинетиот Илчо Бојчевски, екс раководител во управата  е осуден на седум и пол години затвор, четворица од обвинетите се осудени на условна казна, а на останатите им се изречени поблаги затворски казни.

Тие се обвинети дека без дозвола и овластување ископувале артефакти на локациите Демир Капија, Свети Николе,Кавадарци и Скопје,  а потоа ги продавале во Македонија и странство .

OhridNews