Македонија има море, вели познатиот охридски археолог и директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман. Не е точно дека Македонија нема море, Македонија има море, тоа е Охридското море, односно Езеро, кое како што вели познатиот Синиша Станковиќ е како море, кое крие големо културно богатство, вели Кузман.
Охридското Езеро крие траги од бројни цивилизации за што сведочат откриените 7-8 наколни населби. Една од нив, таа кај Градиште ќе ја реконструираме и очекуваме дека ќе биде готова до 8 декември годинава, најави Кузман.
Кузман го сретнавме на Меѓународниот саем за туризам во Охрид, во чии рамки се одржува научен форум на кој се разговара за културното наследство како туристичка атракција.
Охрид е една силна туристичка дестинација поради богатото културно-историско богатство и убавините кои му ги дал Господ. Но, Охрид покрај тоа лежи на уште еден град кој е под него. Тоа е Лихнидос кој е распослан на Волшебниот рид, вториот од двата рида на кој лежи Охрид и секој еден посетител кој би дошол во Охрид прво ќе нема да праша за хотели и плажи, туку што крие Волшебниот рид, вели Кузман. Тој крие многу тајни кои постојано се откриваат со истражувањата на Плаошник и Самоиловата тврдина, а допрва ќе се откриваат кај Киклопските ѕидини и на други локалитети, кои кога ќе бидат подготвени ќе бидат мошне интересни за туристите, додава Кузман.
прочитај:
Багдатис пеел навредливи песни против Македонија
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=2&kat=11&id=3424
Г. Момироски