Во изминатите две години направивме многу,пред се промени во внатрешните процеси. Воведовме нови систематизации, нови решенија за приходната и расходната ствка формирајќи работни групи. Со тоа ја намаливме загубата,а ја зголемивме наплатата за 30%,рече на денешната прес конференција директорот на МЈП Проаква Водовод Охрид, Томе Паскаловски кој даде отчет за сработеното во фирмата во текот на изминатите две години.
– Пред две години затекнавме катастрофална финансиска состојба, неликвидна фирма со голем долг кон добавувачите со блокирана сметка од над 100 милиони денари, без можност за набавка на репроматеријали и материјали за тековно работење затоа што на тендери немаше заинтересирани понудувачи затоа што претходно не се плаќале долговите кон нив, а изгубена беше и довербата од потрошувачите. Затекнавме лошо менаџирање, седум сектори, гломазна организација каде немаше процедури за работа и одговорност на поединци. Прво што направивме беше да изработиме бизнис план како понатаму со фирмата, гледајќи ја финансиската перспектива на фирмата и основната ориентираност кон потрошувачите. Сега наплатата на вода е скоро 100% ,120% во делот на услуги.Од седум сектори направивме два, го вративе дигнитетот на фирмата, корисниците веруваат во нас, рече Паскаловски.
Паскаловски информира дека набавени се нови основни средства и дека е вратен долг од околу 70 милиони денари врз основ на блокирани сметки од УЈП поради незаконско пресметување на давачки. Вратен е краткорочен кредит кон банка, вратени се голем дел од побарувањата на вработените и редовно се исплаќаат платите за вработените.
– Треба да размислуваме и за покачување на цената на водата, бидејќи физичкиот обем на пласирана вода од година во година се намалува, вели Паскаловски додавајќи дека меѓу основните приоритети на фирмата се профитабилна ориентираност кон корисниците, квалитетна вода за пиење, еколошката заштита на езерото.
Директорот на Водовод Охрид потенцира дека најголемите трошоци се повразни со сеуште присутната превработеност во претпријатието.
– Кога јас дојдов бевме над 314 вработени, сега има 41 помалку, врз основ на одење во пензија, изгубен работен однос поради неисполнување на работни обврски, дисциплина. Сепак нема да се оди со драстични мерки и секој кој ќе ја почитува работата, чесно го печали лебот и ја сака фирмата ќе си работи како и досега, вели Паскаловски .
Тој информира и за лошата поставеност на фирмата, поради што заедно со градоначалникот Никола Бакрачески била покрената иницијатива која е испратена и до владата, за раздружување на Водовод Охрид од МЈП Проаква.
Т.К.