– Веројатно е нарушена статичката стабилност на дел од нивните станбени објекти, за што и самите имаат вина заради изведување одредени недозволени градежни зафати, рече Бунташеска
Десетици тони земја и камења вчера попладнето се одронаа во стариот дел на градот, а уништен е и дел од потпорниот ѕид кој ја штити Куќата на Робевци, најрепрезентативниот примерок на старата градска архитектура во градот.
Паскали-Бунташеска истакна дека во текот на оваа година била предвидена санација на потпорен ѕид позади музејот Робевци, за што биле обезбедени средства од Министерството за култура во висина од 1,5 милиони денари.
– Ние ја следевме состојбата и изработивме проект за санација на свлечиштето која беше предвидено да заврши пред почетокот на претстојната туристичка сезона. Меѓутоа се случи тоа што се случи можеби е подобро што не започнавме со активности и среќа е во целата несреќа што нема човечки жртви, рече Паскали Бунташеска.
Директорката на охридскиот Завод и Музеј посочи дека состојбата сега е изменета и дека ќе биде потрбно да се преработи проектот за санација на свлечиштето. Тоа ќе биде направено што поскоро за да може да започнеме со градежните активности, а додека се работи проектот и се распишат потребните тендери веќе од утре ќе бидат ангажирани општи работници кои ќе го расчистат теренот, што е неопходно за да изврши проценка на состојбата, додаде Паскали Бунташеска.