Градежната оператива на „Гранит“ утре, 24.06.2008. ќе ја започне реконструкцијата на патната инфраструктура на кракот на улицата „Партизанска“ од пресекот со „Јане Сандански“ ( кај „Комерцијална Банка“) до улицата „АСНОМ“.

Oткако ќе бидат изведени сите неопходни зафати со реконструкцијата на патната инфраструктура, овој крак ќе биде асфалтиран, соопшти локалната самоуправа.

Со оглед на тоа дека станува збор за комплетна реконструкција со асфалтирање, овој дел од улицата „Партизанска“ ќе биде затворен за секаков аообраќај, а жителите од овој крак на улицата веќе денес ќе бидат известени да ги отстранат паркираните возила заради непречено одвивање на работите, информираат од локалната.

ohridnews