Во просториите на ФИБА Европа во Барселона беа извлечени групите за Топ 16 фазата од кошаркарската Евролига.

Група Е: Барселона, Панатинаикос, Партизан, Маруси

Група Ф: Реал Мадрид, Монтепаски, Макаби, Ефес Пилсен

Група Г: ЦСКА Москва, Уникаха, Жалгирис, Проком

Група Х: Олимпијакос, Каха Лаборал, Химки, Цибона

Првите натпревари се играат на 27 и 28 јануари, а последните од шестото коло по групите, на програмата се на 10 и 11 март.

По нив, во четвртфиналето на Евролигата ќе се пласираат по две најдобри екипи од сите 4 групи. Првопласираните тимови ќе имаат предност на домашен терен, а се игра на три победи.

Финалниот турнир на програмата е од 7. до 9. мај во Париз.

ohridnews