Фудбалерите на Војводина ја прекинаа доминацијата на Партизан во Купот на Србија победувајќи ги токму „црно белите“ во финалето на пенали со 4-2. Регуларниот дел и дополнителните продолженија завршија 2-2.
Војводина добро го отвори мечот и поведе со 1-0. Водството им даде ветар во грб на „црвено белите“ и на почетокот од вториот дел го зголемија резултатот на 2-0. Во последните десети минути од мечот Партизан со два голови се врати во игра и се избори за продолжение. Во дополнителните 30 минути немаше голови и победникот се одлучуваше после изведување на пеналите. Војводина ги реализираше четирите пенали, а Партизан промаши во втората и четврта серија и остана со празни раце.
OhridNews