Гостинските екипи беа поуспешни на првите натпреварите од четвртфиналните плејоф пресметки во кошаркарската Евролига одиграни синоќа.
Партизан со тројката на Кевин Пантер во последната секунда го победи Реал со 89:87. Ова е историска, прва победа за „црно-белите“ на гостински терен кај „кралскиот клуб“.
Предност од 1:0 има и Макаби. Израелскиот шампион со 79:67 славеше триумф на гостувањето кај Монако.
Вторите натпревари во серијата прв до три победи, ќе се играат утре, исто така на теренот на Реал и на Монако.
За вечер се закажани натпреварите:
Барселона – Жалгирис и
Олимпијакос – Фенербахче.
OhridNews
фото. ЕПА