Кошаркарите на Партизан ја забележаа втората победа во регионалната АБА лига совладувајќи го МЗТ Скопје во Јане Сандански со убедливи 93-62 (29-16, 19-9, 22-21, 23-16).


На паркетот во скопската арена постоеше само една екипа која од минута ја зголемуваше предноста на семафарот. „Црно белите“ погодуваа се и од секаде за да стигнат до висока победа остварена со 31 поени разлика.

„Штрковите“, делуваа немоќно покрај разиграниот гостински состав кој во буквална смисла на зборот го растури својот противник.

И по два одиграни меча во АБА лигата македонскиот шампион останува без бодови, а трета шанса за бодови ќе биде хрватската Цедевита.

OhridNews