Кошаркарите на Партизан го одбранија трофејот во Купот Радивојќе Кораќ победувајќи го лутиот ривал Црвена Ѕвезда со 76-74 финалето, кое се одигра во спортската сала „Чаир“ во Ниш.

„Црно белите“ до триумфот стигнаа на начин кој може само кошарката да го понуди. Партизан поените за победа ги постигна на 0,2 секунди до крајот од мечот, откако Лејндл беше фаулиран во обидот да заврши со цепелин. Кошаркарот на Партизан ги реализираше двете слободни фрлање, а „црвено белите“ во последниот напад не успеаја да упатат удар.

Одбранувањето на титулата на Партизан е одлична најава за завршница во српската кошаркарска лига и АБА лигата во која Црвена Ѕвезда е фаворит според досегашните изданија.

OhridNews