Екипата на белградски Партизан е  шампион на АБА лигата, откако во петтиот, одлучувачки натпревар, бодрена од  22.000 навивачи во “Штарк” арената, го совлада вечниот ривал Црвена Звезда со 96:85.

Клучно за исходот на мечот се покажа првото полувреме кое Партизан го доби со +20. Домаќините поагресивно влегоа во натпреварот за разлика од противникот кој имаше многу проблеми како во одбраната, рака и во нападот.

Во второто полувреме Звезда се разбуди, стигна до -4 но немаше сили за пресврт.

За Партизан ова е прва титула во АБА по пауза од 10 години, со која “црно – белите” обезбедија пласман во Евролигата, додека Црвена Звезда ќе чека евентуална покана за учество во елитната европска лига со вајлд карта.

Г.М.